Вчера Владата од стопанството повлече околу 46 милиони евра, преку двете аукции на шестмесечни државни записи. Едната аукција беше на записи без девизна клаузула, при што биле реализирани речиси три милиони евра со камата од 4,5 отсто, а другата аукција беше на записи со девизна клаузула, при што се продадени записи во вредност од речиси 43 милиони евра и со камата од 4,3 отсто. Според Министерството за финансии, станува збор за досега најниска каматна стапка на шестмесечните држави записи, со што им се излегува во пресрет на барањата на бизнис-заедницата. Оттаму најавуваат дека за ноември ќе извршат поврат на веќе достасани хартии од вредност во износ од 47,5 милиони евра, од кои 3,2 милиона евра се по основа на двегодишни државни обврзници, а остатокот за достасани шестмесечни записи. Ова е повторно во контекст на барањата на бизнис-заедницата за намалување на задолжувањето преку државни записи, во интерес на подобрување на ликвидноста на стопанството.
Вчера Владата од стопанството повлече околу 46 милиони евра, преку двете аукции на шестмесечни државни записи.
Едната аукција беше на записи без девизна клаузула, при што биле реализирани речиси три милиони евра со камата од 4,5 отсто, а другата аукција беше на записи со девизна клаузула, при што се продадени записи во вредност од речиси 43 милиони евра и со камата од 4,3 отсто.
Според Министерството за финансии, станува збор за досега најниска каматна стапка на шестмесечните држави записи, со што им се излегува во пресрет на барањата на бизнис-заедницата. Оттаму најавуваат дека за ноември ќе извршат поврат на веќе достасани хартии од вредност во износ од 47,5 милиони евра, од кои 3,2 милиона евра се по основа на двегодишни државни обврзници, а остатокот за достасани шестмесечни записи.
„Ова е повторно во контекст на барањата на бизнис-заедницата за намалување на задолжувањето преку државни записи, во интерес на подобрување на ликвидноста на стопанството“, велат од Финансии и додаваат дека остануваат на определбата за поддршка на стопанството и на банкарскиот сектор.